Најмалата Mazda на светот ја збира во куфер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Mazda е позната по своите иновации, но и по големата фантазија на своите инженери, па редовно знаела како да го изненади светот со своите малку чудни иновации. Еден таков настан се случил на почетокот на 90-тите години на минатиот век кога во салонот во Франкфурт бил донесен автомобил во класичен куфер за патувања.

Неочекуваниот експонат предизвикал голем интерес бидејќи тоа бил буквално најмалиот автомобил на светот. Автомобилот Mazda „во куфер“ беше токму тоа, автомобил во куфер. Тој бил дизајниран и изграден од седум инженери на Mazda, кои ставиле сè што е потребно во куферот за да вози.

Куферот на Самсонајт димензии 57х75 см, го движеле три тркала, волан, но и двотактен бензински мотор со зафатнина од 34 см. Со максимална моќност од 1,7 КС, куферот и храбриот возач ,,летале” до 30 км / ч.

Вкупната тежина на оваа минијатура била 32 кг, што е една од причините зошто не отишол во комерцијализација. Кој знае, можеби денес со развојот на технологијата и електричните погони, сличниот концепт повторно ќе оживее.