Најлудиот карневал на светот повторно ги тресе улиците од Рио де Жанеиро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Карневалот кој традиционално секоја година се одржува уште од 18. век, а влече корени од 17. век, и оваа 2019 година ги тресе улиците на Рио де Жанеиро.

Почетокот на карневалот задоцни неколку часа, бидејќи пожарникарските екипи мораа да извршат детална инспекција за да се спречи секоја можност која би довела до трагедија.

Парадата на самбодромот всушност е натпреварување на најдобрите самба школи. Се одржува два дена по ред, а секој ден настапуваат шест школи, од вкупно 12 најдобри во Рио де Женеиро. Секој школа има заштитна боја, тема и музика.

Интересно е што школите за парадата се подготвуваат околу 6 месеци, а првите проби на самиот самодром почнуваат веќе во декември. Со месеци се вежбаат движењата, се шијат костими и се изработуваат превозни средства.