Најлуд преоден рок во историјата: Клубовите потрошија 5 милијарди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалските клубови од целиот свет ова лети на трансфери потропија 4,71 милијарди долари (точно 4 милијарди евра), што е готово исто колку што беше потрошено во целата 2016 година, стои во извештајот на ФИФА.

„Помеѓу 1. Јуни и 1. Септември 2017 година во светот се остварија 7.590 трансфери/ Глобалната потрошувачка достигна износ од 4,71 милијарди долари, што значи дека клубовите во тие три месеци потрошија исто колку во текот на целата 2016 година“, стои во соопштените на ФИФА.

И уште еднаш клубовите од „големата петорка“ – Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франциа одграа главна улога, остварувајќи 21,2% од вкупниот број на трансфери, односно 77,9% од вкупно потрошената сума.

Имено, клубовите од 5-те најсилни лиги исплатиле точно 3,08 милијарди евра на 1.608 трансфери ова лето, што е пораст од 31,7% и претставува „нов рекорд за летен преоден рок во Европа“.

ФИФА напоменува дека англиската Премиер лига, која има најголем приход од ТВ права, потрошила најмногу пари за транфери, дури 1,4 милијарди долари, а втора е италијанската Серија А со приближно 1 милијарда долари.