„Најлош филм на векот“: Како новиот филм на Џенифер Лоренс стана најомразен филм

mother-movie

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред нешто повеќе од месец дена се појавија првите критики за новиот филм на Дарен Ароновски. Гледачите беа одушевени, а имаше и коментари дека ова е еден од најшокантните филмови.

Суперлативите на страна, критиките беа многу позитивни. Дури и тогаш кога почна со прикажување во кината, критичарите филмот „Mother!“ го нарекуваа брилијантен хорор филм.  Во филмот се работи за пар, чиј живот ќе се претвори во пекол, кога во нивната куќа ќе влезат мистериозни двојници. Секако тука има уште многу сучувања и пресврти. Првите критики за филмот беа во главно позитивни, па филмот сеуште има 72 проценти позитивни критики на „Rotten“.

„Најлош филм на векот“

Но, со тек на време критиките се менуваа. Од една страна се оние кои го сметаат за модерно ремек-дело, додека пак од другата страна се оние кои го сметаат за „најлош филм на векот“.

Тука не се работи за нов невиден феномен. Па така, за овај филм одличните критики, брзо се сменија во неописива омраза кон филмот. Негативните критики беа толку ригорозни, по што „Парамаунт“ почна јавно да се оправдува.

„СинемаСкор“, компанијата со седиште во Лас Вегас, која се занимава со истражување на пазарите, на овај филм му има дадено најниска оцена. Оцените на оваа компанија се добар показател за тоа како успех ќе оствари филмот во кино салите.

Стивен Содерберг ги доби истите реакции за римејк филмот „Соларис“, како и Фридкин со филмот „бубачка“.

Па затоа се чини дека овај филм е осуден на пропаст, а тоа може да се види и по резултатите. Како и да е филмот на вложени 30 милиони долари, до сега има заработено само 14 милиони.
џенирер лоренс

Во што е проблемот?

Но, што точно се случи со еден од најочекуваните филмови на годината? Трајлерот за овај филм ветуваше многу. 2017 година без сомневање е одлична година за хорор филмови. Дарен до сега имаше одлични резултати со претходните два филма, на кои заработи преку 300 милиони долари.

Некои тврдат дека се работи за голема петенциозност од страна на режисерот, но тоа не е новина. Други пак сметаат дека проблемот е во лош избор на глумци, маркетинг и начинот на кој приказната е пренесена.


Обожавателите на Џенифер Лоренс очекуваа класичен мејнстрим хит, како што обчино снима. Многу сметаат дека, доколку филмот не кренеше толкава прашина, и реакциите немаше да бидат негативни.

Гледачите сакаат да знаат во што се впуштаат

Исто така, да се рекламира филмот како класичен трилер, хорор филм е сосема погрешно. Филмот „Mother!“, навистина е тешко да се стави во некоја постоечка категорија. Оваа комбинација на надреализам, хорор и „артхаус“ провокации, едноставно не е тоа што го бараат просечните обожаватели на хорор филмовите.

Следен проблем е приказната, со која голем дел од гледачите имаат голем проблем. Скоро сите сакаат да знаат во што се впуштаат, па така трајлерот испрати потполно погрешна порака, и голем дел се осеќаат измамено. Џенифер Лоренс сличен проблем имаше и со филмот „Патници“.


Тоа е посебно важно во време кога гледачите не одат во кино со цел да експериментираат или отвараат нови видици. Туку сакаат да го добијат она за што платиле прескапа карта.

Како и да е, тоа не значи дека филмот не треба да го гледате, но добро е да знаете во што се впуштате. Секако, оцената на „СинемаСкор“ многу зборува за овај филм. Па на крај останува да видиме што ќе покажат крајните резултати.