Најкул концерт кој сте го гледале: Слушнете како звучи музика на инструменти од мраз


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шведскиот град Лулеа, сместен во арктичкиот круг, во зима е вистинска бајка за љубителите на мразот и сето она што луѓето го прават од тврдата агрегатна состојба на водата. Ова магично место, исто така, е дом и на Ice Music (музика од мраз), нов музички уметнички перформанс промовиран од американскиот скулптор со мраз, Тим Линхарт. Во пофалбата и прославата на арктичкиот дух, музичарите свират на рачно изработени инструменти од мраз, во однатре осветлен концертен игло.