Најкраткиот тест за интелигенција е претежок за многу луѓе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Когнитивен тест за рефлексија (CRT) е името на најкраткиот тест за интелигенција бидејќи се состои од само три прашања, а ја открива вашата способност за идентификација на едноставни проблеми кои во суштина се потешки отколку што ви се чинат. Колку побрзо го решите, толку е поголем вашиот коефициент на интелигенција.

Трите прашања се:

1. Палката и топката за бејзбол заедно чинат 110 долари. Палката чини 100 долари повеќе од топката. Колку чини топката?

2. Ако пет машини за пет минути произведуваат пет производи, колку време е потребно за сто такви машини да произведат сто производи?

3. Во езерото има остров чија површина секојдневно двојно се зголемува. Ако се потребни 48 дена за островот да го прекрие цело езеро, колку дена се потребни за да го прекрие половина езеро?

Во брзање, најчестите одговори на мнозинството луѓе се:

1. 10 долари

2. Сто минути

3. 24 дена

А точните одговори се:

1. Пет долари. Палката чини 105 долари, што е за 100 долари повеќе од цената на топката, а нивниот збир е 110 долари.

2. Потребни им се пет минути за да направат 100 производи. Ако пет машини за пет минути прават пет производи, значи една машина прави еден производ за пет минути. Оттука, за сто производи, на сто машини им се потребни исто пет минути.

3. На островот му се потребни 47 дена за да го прекрие половина езеро, бидејќи на 48-от ден неговата големина се удвојува и тој го прекрива цело езеро.

Во анкетата направена со овие прашања, од 3.500 испитаници, 33 насто од нив погрешно одговорија на сите три прашања, а 83 насто одговорија погрешно на последното прашање.

Иако овој тест има свои недостатоци, само 48 насто од студентите на еден од најтешките факултети на светот, МIT, успеаја да одговорат точно на сите три прашања.