Најкратката авионска рута ја прослави својата милионита патничка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најкусата авионска линија на светот, мала рута меѓу два зафрлени британски острова, ја прослави во понеделникот милионитата патничка.

Летот долг 2,7 километри меѓу островите Вестреј и Папа Верстреј Оркниските острови , североисточно од Шкотска, го држи Гинисовиот рекорд како најкусата воздухопловна линија.

Летот со авион од типот „Britten Norman Islander“, кој има осум седишта, трае 96 секунди до две минути, кога нема ветер, што многу ретко се случува, или со поволни ветрови трае само 47 секунди. Дел е од рутата којашто ги поврзува главниот град на Оркниските острова, Кирквол, со другите населби во архипелагот.

Шкотската регионална воздухопловна компанија „Loganair“, која на рутата од 1,7 милји лета од 1967 година, а дел од неа обнови во 2009 година, во понеделникот со букет цвеќе ја награди својата верна патничка Ен Рендал. Оваа службеничка на Шкотската кралска банка летала со оваа компанија повеќе од 10.000 пати, обиколувајќи ги островските населби и решавајќи ги нивните банкарски работи.

„Рутата претставува бисер во нашата мрежа и е позната ширум светот“, изјави директорот на компанија Џонатан Хинклес, истакнувајќи дека таа е од клучна важноста за животот во оваа област.