Најкорисниот играч од ФИБА Лигата на шампиони доби македонско државјанство!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џордан Тиодор доби македонски пасош и ова лето ќе настапува за Македонија во квалификациите за Светското првенство во Кина.

Тиодор на 5-ти јули ќе допатува во Македонија за да ги заврши сите формалности околу новиот пасош и веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот Јордан Давитков.

Одличниот кошаркар игра на позицијата плејмејкер, а минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч во ФИБА Лигата на шампиони.

Игра за Банвит, тим кој дојде до финалето во Лигата на шампиони, каде беше поразен од Тенерифе.