Најконтроверзниот филм на годината: За хоророт во Хрватска се распишува и Трамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред една недела во јавност се рашири приказната за новиот американски хорор филм „The Hunt“, чие дејство е сместено во „Хрватска“, а во една сцена се појавува и „загрепска“ регистрација.

Поточно, регистрација која делува како загрепска, иако реално е измислена регистрација од американските филмаџии која само во изгледот потсетува на хрватските, но веројатно е намерно модифицирана за да се избегне можно совпаѓање со некоја постоечка реална регистрација.

Инаку, филмот комплетно е снимен во Луизијана, но сценаристите од некоја причина ја избрале  Хрватска како место за случување на дејството, што дефинитивно даде поегзотична димензија на филмот.

Во продукција на новите кралеви на хорорите, Blumhouse, филмот крена доста прашина во американските медиуми.

Либерали ловат конзервативци

Дејството на филмот следи дванаесетмина странци кои се будат на непознато место (се претпоставува дека е во Арканзас, но испаѓа дека станува збор за Хрватска – ова во рамки на филмската приказна). Брзо откриваат дека станале ловен плен во забегано болна игра на група богаташи. Меѓутоа, ловот ќе се искомплицира во моментот кога еден од прогонуваните ќе одлучи да пружи отпор и да започне да ги убива ловците.

Иако станува збор за заплет кој досега сме го виделе многу пати, постојат неколку причини поради кои филмот го привлече вниманието на американската јавност. Основната е дека прогонетите се нарекуваат „deplorables“ или во слободен превод „бедници“ – израз кој во текот на претседателската кампања во 2016 година го користеше демократската кандидатка Хилари Клинтон во описот за сите оние кои го поддржуваа Доналд Трамп и неговата реторика.

Дел од конзервативните медиуми го критикуваа филмот поради овој детал, тврдејќи дека станува збор за филм кој прикажува либерали кои ги ловат гласачите на Доналд Трамп и така создаваат уште поголем раздор во веќе ионака поделената земја. Но, критиките стигнаа и од другата стрна на политичкиот спектар и тоа после пукањето во Ел Пасо и Дејтона. Иако свесни дека станува збор за насилна политичка сатира, многу ТВ станици ги повлекоа најавите за филмот додека продуцентите тврдат дека сериозно го размислуваат начинот за промоција на филмот, бидејќи нивната намера не беше да ја експлоатираат ситуацијата во општеството, туку само да го изнесат своето мислење.

Universal Pictures (дистрибутери на The Hunt) вчера одлучија дека филмот, сепак, нема да се прикажува. „Филмот The Hunt е убиен“ вришти од насловните страници на американските интернет и печатени медиуми.

Во приказната се вклучи и Доналд Трамп

Сето ова совршено се вклопи во серијата твитови од Трамп во кои тој го напаѓа Холивуд кој го смета за „расистички“ и „опасен“. Иако првично не беше јасно за што зборува, подоцна разјасни дека станува збор за „филмот кој наскоро ќе излезе“ и чија основна цел е „да поттикнува хаос“.

Не наведе дека станува збор за The Hunt, но јасно беше дека се работи токму за овој филм, иако никаде не му беше аргументирано што од филмот го смета за „расистичко“.

Меѓутоа, не е јасно зошто филмот толку ги разлути конзервативците, а не либералите, кога во филмот токму тие се прикажани како негативци. Имено, „бедниците“ кои ги следи дејството на филмот се јунаците за кои навива публиката, а либералите се елита негативци во филмската приказна. Наивно е да се смета дека тој податок не стигнал до конзервативните медиуми и Трамп, кои вака испаѓа дека користат она што им одговара, а кое го слушнале на Fox.