Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пар кошаркарски патики од спортскиот производител „Најки“ дизајнирани и изработени специјално за бившиот претседател на САД, Барак Обама, ќе одат на продажба организирана од аукциската куќа Сотби.
Специјално дизајнираните Најки патики чинат 25.000 долари и тоа е конечна цена, затоа што нема да бидат продавани по пат на аукција. Патиките на себе имаат патриотски мотиви.
Barack Obama’s Nike Hyperdunk PEs Are Going Up For Sale
DETAILS: https://t.co/yDI6mKrmZZ
— SoleCollector.com (@SoleCollector) February 8, 2021
Станува збор за патики за кошарка дизајнирани 2008 година за Олимписките игри во Пекинг. Поради тоа што Обама е голем љубител на спортот, Најки одлучил да му подари еден пар на тогашниот претседател со неколку додатни патриотски детали.
Секако, купувачот нема да го носи баш овој пар, затоа што покрај оној кој завршил кај Обама и кој, по сите сознанија е и понатаму кај него, направен е уште еден пар.
Од Содби велат дека ова е единствен пар од овие патики и дека претходните 12 години се зачувани во перфектна состојба.
Патиките се продаваат на 12 февруари, само во една големина и само за мажи.