„Најки“ од 437.500 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од првите произведени парови оригинални патики од спортскиот бренд „Најки“ (Nike), примерок од линијата „Moon Shoe”, на интернет аукциска продажба организирана од престижната аукциска куќа Sotheby’s беше продаден за е продаден за вртоглаво рекордни 437.500 долари.

Патиките биле наменети за американските атлетичари, кои се подготвувале за Олимпијадата 1972 година. Од тој модел се произведени 12 пара. Тој што бил ставен на наддавањето е единствениот што никогаш не бил облечен.

Првичната проценка на сумата која ќе ја достигне овој редок пар на „Најки“ се движеше меѓу 110.000 и 160.000 долари.

Претходниот рекорд – од 190.372 долари беше регистриран во 2017 година за патиките „Конверс Фастбрејк”, носени од кошаркарската легенда Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984.

Парот „Moon Shoe” го купи 61-годишниот канадски бизнисмен Мајлс Надал, кој има намера да го изложи во својот приватен музеј во Торонто.