Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Компанијата „Најки“ одлучи со специјална едиција на копачки да ја обележи јубилејот на Франческо Тоти, 25 години во тимот на Рома. За „Принцот на Рим“, компанијата произведе копачки кои ги нарече „Nike Tiempo Totti X Roma“.
Специјалната едиција на копачки, со кои „Најки“ го обележува 25 годишниот јубилеј на Франческо Тоти, во продавниците се појавија на 26 арпил, а легендата на Рома, прв пат ќе ги носи на градското дерби „Дерби дела Капитале“, против Лацио.
„Најки“ ќе произведе 2.500 пара вакви копачки, односно по 100 за секоја сезона која тој ја минал во Рома, а цената изнесува 225 евра.
Тоти досега има одиграно 779 натпревари за Рома, постигна 306 погодоци и забележал 123 асистенции и е пример за лојалност бидејќи целата своја кариера ја помина на „Олимпико“.