Најјакото решение кое буквално секој возач ќе го натера да запре пред пешачки премин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исландско рибарско гратче Исафјордур (Ísafjörður), иако има само околу 2500 жители, сепак, го привлече светското медиумско внимание со потегот кој комисионерот за животна средина во ова место, Ралф Трила, реши дека на улиците се вози пребрзо и дека мора да се најде иновативно решение за да се забави сообраќајот.

И така, во Исафјордур никнува првата раскрсница со пешачки премин во форма на оптичка илузија. Направен е во соработка со компанијата Vegi GÍH – специјализирана за боење на улици. Градот се надева дека 3Д зебрата ќе игра тројна улога – и на лежечки полицаец, и на уметничко дело, а и на пешачки, нели. Општинскиот совет во моментов чека да види дали експериментот ќе се покаже како успешен. Ако да, ќе се бојат и други пешачки премини низ гратчето.

Инспирацијата дошла од Индија, но вакви пешачки илузии има и во други земји, како Русија и Кина. Сепак, Исафјордур е посебен случај. Не само затоа што е така мало гратче, а гледа кон вака иновативни решенија, туку и затоа што дозволената брзина веќе е ужасно мала – 30 км/ч. Но ете, и тоа било пребрзо за тесните улички, особено во стариот центар на градот.