Најјакиот голмански дегажман: Со финта ја префрла топката преку средината од теренот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нов метод на исфрлување на топка во фудбалската игра. Чуден и, би рекле, револуционерен, но ефектен. Изум е на Ибрахим Алма, голман на репрезентацијата на Сирија, кој го прави тоа со бокс. И успешно. Ја префрлува сопствената половина и има краен домет до, речиси, средина на противничката.

Демонстрација на новата техника имаше против Кина во квалификациите за Светското првенство во Русија што го направи и централна фигура во натпреварот. Победник немаше (2:2), но публиката со симпатии го поздравуваше секој контакт со топката на Алма, а видео од начинот на кој ги бара соиграчите во напад ги преплави социјалните мрежи. Дегажманите на Алма со боксување наместо во класичен стил, со нога, сепак не ги изведува за првпат. Истото го правеше и против Јапонија кон средината на 2016 година.