Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Даниел Крег е најгрдиот Џејмс Бонд во историјата на филмовите за агентот 007.
„Неговиот топчест нос, танки усни и широко лице го ставаат на листата на најгрди агенти 007“, покажува тестот за мапирање на лице, пишува Дејли Мејл.
Причина за славење има Шон Конери чие лице е најубаво според истиот тест. Дури 89,2% од цртите на неговото лице се поклопуваат со „совршенството“.
Втор по убавина на листата е покојниот Роџер Мур, а третото место му припаѓа на Тимоти Далтон.
Важно е да се нагласи дека 100% на овој тест не е возможно да се постигне, затоа што совршено лице не постои.
„Дание Крег помина најлошто поради топчестиот нос, танките усни и широкото лице. Тој има мажествен изглед, но не се поклопува со идеите на Грците за убавина. Од друга страна Шон Конери со години е прогласуван за најубав Бонд, а сега тоа го потврди и тестот. Тој има убаво симетрично лице“, вели естетскиот хирург Јулијан де Силва.