Најголемото панорамско тркало на светот од октомври почнува со работа – еве каде е изградено


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Службениците задолжени за туризам во Дубаи речиси секојдневно работат на ширење на понудата на оваа популарна локација а еден од новитетите кој на јавноста ќе и биде достапен од наредниот месевц е и панорамското тркало кое воедно ќе биде и најголемото на светот.

Како што соопштуваат од Дубаи, наредниот месев, поточно на 21 октомври, на оваа туристичка локација ќе се отвори најголемото панорамско тркало на светот со висина од 250 метри, што е за 80 метри повисоко од моментално најголемото панорамско тркало во Лас Вегас.

Конструкцијата на Аин Дубаи ќе има 48 затворени кабини од кои одредени ќе можат да примат и до 40 патници. Вкупно 1.750 заинтересирани граѓани ќе имаат можност во еден момент да го разгледуваат градот од ова величествено здание.