Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Необработен дијамант пронајден во африканската држава Боцвана, кој го сметаат за најголем дијамант пронајден во изминатите 100 години, беше продаден за 53 милиони долари.
Британската компанија Граф го купи дијамантот и најави дека ќе ги ангажира своите најдобри експерти за да испланира како најдобро да се исече овој огромен скапоцен камен, јави новинската агенција ДПА.
Дијамантот од 1.109 карати, кој е со големина на тениско топче, беше пронајден во рудникот Лукара Карове во северниот дел на Боцвана. Наречен е Леседи Ла Рона, што значи Нашата светлина на јазикот на локалниот народ Цвана.
„Ќе работиме ден и ноќ за достојно да го обработиме овој неверојатен дар на природата“, соопштија од компанијата Граф.
Дијамантите претставуваат 80 проценти од вкупниот извоз на Боцвана.