Најголемиот „крвник“ меѓу фудбалерите – заработил 46 црвени картони!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Повеќето фудбалери добиваат по неколку црвени картони во текот на кариерата. Што поради груби стартови, расправија со судијата, непромислени потези…

Меѓутоа, на фудбалските терени изминатите децении навистина имаше „крвници“ кои всушност беа големи фудбалски имиња.

Филипе Мело, Паоло Монтеро, Пепе се сигурно најпопуларни меѓу нив, но постои и фудбалер кој на фудбалскиот терен се однесувал како во ММА кавез.

Неговото име е Герардо Бедоја и целата своја кариера ја помина во Јужна Америка, каде промени 13 клубови во 20 години професионален фудбал.

За селекцијата на Колумбија одигра 49 натпревари, притоа Бедоја е рекордер по добиени црвени картони на теренот.

Со фудбалот се прости во 2015 година, а заклучно со последниот натпревар, имаше 46 црвени картони запишани на своето име.

Црвениот картон кој ќе остане запаметен е оној кој го заработи 23 септември 2012 година, кој беше и негов 41-ви во кариерата.

Бедоја на своето деби за Санта Фе заработи исклучување против својот бивши тим, Милионариос откако го удри Рамирез со лакт во глава.

Тогаш заработи 15 натпревари суспензија, а до крајот на кариерата успеа да заработи уште 5 црвени картони, поради што е неприкосновен лидер во фудбалскиот свет.