Home Спорт Најголемиот „грабеж“ на СП: Остана без медал бидејќи противникот го повлече за рака!

Најголемиот „грабеж“ на СП: Остана без медал бидејќи противникот го повлече за рака!

Шпанскиот атлетичар Орландо Ортега остана без медал на трката 110 со пречки на СП во Доха, а за тоа се погрижи Јамајканецот Омар Меклоуд, кој со неспортски потег го попречи да додјде до некој од медалите.

„Ова е грабеж“, повторуваше 28-годишниот Шпанец кој беше на добар пат да освои медал на трката.

Меклоуд и самиот беше на добар пат да стигне до една од медалите во трката, но при прескокот на последната пречка изгуби рамнотежа и се фати за противникот. На крајот беше дисквалификуван, но тоа е мала утеха за Ортега кој остана без одличје.

Шпанците веднаш се пожалија пред судиите, барајќи трката да се повтори или Ортега да добие медал, но судиите одбија.

На крајот, медалите завршија кај Грант Халовеј, Сергеј Шубенков и Паскал Мартинот-Лагард. Ортега заврши како петти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…