Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Многу луѓе почнуваат со вежбање од Нова година, а ако сте и вие еден од нив, тогаш ова се совети наменети за вас. Се работи за најчестите заблуди кои се присутни меѓу почетниците со вежбање.
Потта е мерило за потрошени масни наслаги
Многу почетници тргнуваат прво со кардио вежбите, мислејќи дека тоа најдобро го топи салото. Па дури потоа почнуваат да вежбаат со тегови. Не! Вистината е малку поинаква, вежбите со тегови ќе ве однесат побрзо кон посакуваната форма отколку кардио вежбите. А одлично е што после вежбање со тегови, калориите продолжуваат да се трошат и неколку часа подоцна.
За цврст стомак потребно е да правите многу стомачни
За да имате рамен и цврст стомак, и да се гледаат „плочките“ треба да го стопите сето сало наталожено над нив. А топењето на тоа сало, нема да се направи само со многу стомачни или пак многу серии на стомачни.
Стомачните мускули мора да се вежбаат секој ден
Апсолутно не, стомачните мускули се вежбаат со бројни други вежби, а вие го затегнувате стомакот и со другите вежби. Најуспешните фитнес стручњаци не вежбаат повеќе од два пати неделно, затоа што им е потребен одмор. Сепак стомачните мускули се уште една група на мускули, па така и нив им треба одмор.
***