Најголемата суша во последните 100 години ги пресуши Викториините водопади (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Атрактивните Викториини водопади, едни од најспектакуларните водопади на светот, настанати на местото каде што африканската река Зембези пропаѓа во 100 метарска провалија, пресушија како последица на најголемата суша во последниве 100 години.

Импресивната водопадна појава која привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија, сега е целосно пресушена. Иако е вообичаено за време на сушните периоди овие водопади да подзапрат, оваа година дошло до неочекувано опаѓање на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите.

„Претходните години, кога ќе пресушеа, тоа не се случуваше во толкава мера“, вели Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова прв пат го гледаме“, додава тој.

Овој продавач вели и дека веќе опаднал бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите пресушиле.

Проблемот е што целата област е погодена од суша и што многу луѓе останале и без храна. Се проценува дека помош им е потребна на околу 45 милиони луѓе.

Зимбабве и Замбија се погодени и од рестрикција на струја, затоа што производството на оваа енергија зависи исклучиво од хидроелектраната Кариба која се наоѓа на реката Замбези.

Официјалните податоци покажуваат дека нивото на реката Замбези е под она во 1995 година, што било најниско забележано ниво досега. Претседателот на Замбија Едфар лунгу рекол дека ова е предупредување за тоа што климатските промени можат да и направат на нашата животна средина.