Најголемата грешка која ја правиме кога е пеколно жешко и сме жедни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога ќе не зафатат летните горештини и телото многу побрзо дехидрира, најчесто сакаме со еден потег да се разладиме и да се хидрираме, па поради тоа посегнуваме по ладни пијалоци кои дополнително ги разладуваме со многу мраз.

Е, лекарите ни порачуваат дека токму таа е најголемата грешка која ја правиме за време на пеколните жештини – пиењето ладна вода или сокови полни со мраз, бидејќи тогаш на течноста ѐ е потребно повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира.

Затоа, најидеално тогаш е да се пие вода изладена на собна температура. Водата секогаш е подобар избор од соковите.Исто така, добро е да се испие топол чај, но кога надвор е сув воздухот, а не влажен. Чајот го потикнува потењето, а со тоа и разладувањето на телото. Имајте на ум дека со потењето се губат течности, па тоа треба да се надомести.

Лекарите велат да се избегнува алкохол, бидејќи тој додатно го суши организмот, а би било добро да се намали и конзумирањето на алкохол.

Сепак, каде и да одите секогаш со себе носете вода и пијте по неколку голтки што е можно почесто.