Најголемата фабрика од Нутела под клуч – еве ја причината за затворањето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најголемата фабрика во светот за производство на фамозниот благ крем од лешник, Нутела привремено е затворена. Според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, најголемиот производствен погон на Нутела е затворен поради проблеми со квалитетот.

Станува збор за погон кој се наоѓа во Нормандија, Северна Франција во кој инспекцијата се обидува да утврди кои се причините за проблемот.

Оваа фабрика дневно произведува 600.000 теглички нутела, што е една четвртина од светското производство.

Од „Нутела Фереро“ порачаа дека имаат доволни залихи и дека прекинот во производството нема да влијае на продажбата.