Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На тенискиот турнир во Далас дуелот помеѓу Џон Иснер и Рајли Опелка се претвори во историски меч затоа што беше одигран најдолгиот тај-брејк на АТП.
Опелка на крајот излезе како победник и го доби тај-брејкот со 24-22, па така го надминаа рекордот од 20-18.
Интересно е тоа што и првиот сет го решија на идентичен начин, но тогаш Опелка беше подобар со 9-7, а со оваа победа избори финале каде што ќе игра против Џенсон Бруксби.
Мечот го одбележа уште еден интересен детал, а тоа е дека двајцата тенисери сервираа неверојатно и заедно имаа вкупно 60 ас удари.