Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овие вежби ќе ви овозможат да имате поизразени и дефинирани гради…
Ништо не придонесува за силен и машки изглед како големите и издлабени гради. Меѓутоа, со цел овие масивни мускули да станат поголеми и посилни, треба да направите некој сериозен тренинг и добро да ги искинете мускулните влакна за вашите мускули да продолжат да стануваат поголеми и посилни.
Иако постојат многу различни тренинзи и вежби кои можете да ги правите за зајакнување на вашите пекторални мускули, решивме да ви го претставиме врвниот тренинг кој ќе ви овозможи да постигнете видливи резултати за 8 недели. Станува збор за тренингот кој го применува фитнес тренерот Џеф Кавалиер, кој на својот Јутјуб канал покажа кои вежби треба да се прават за правилно активирање на градите.
Овие вежби влијаат на долниот дел од градите и ја зголемуваат нивната дефиниција. Така, со овие вежби нема да добиете многу маса, туку градите ќе ги направите многу поубави и поизразени.
Погледнете кои вежби ги одвоил Џеф и како треба да ги правите.