Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каучот или троседот се дел од мебелот кој можете да го искористите како справа и да направите комплет тренинг за цело тело.
Одењето во теретана ви бара многу труд и време, а тоа е токму она на кое вие никако не можете да се натерате да одите додека одморате на троседот?
Без гајле, бидејќи и троседот или каучот можат да послужат како опрема за вежбање на која можете да одработите комплетен тренинг за цело тело, во паузите меѓу ТВ програмата. Тренингот го конципираше тренерот на Men’s Health, Б.Џ. Гадо со упатства како да ги изведувате вежбите.
Станува збор за тренинг кој не може да биде поедноставен, а се прави со оптоварување со сопственото тело. Тренерот тврди дека е ефектот е сличен на оној од вежбањето со тежок товар.
Тренингот се состои од четири вежби чиј опис следува подолу.
Прва вежба – Single-leg Hip Thrust
Главата, горниот дел од телото и рамената нека бидат спуштени врз троседот, рацете раширете ги заради постабилна положба. Едната нога свиткајте ја во коленото и „вкопајте ја во подот“, а другата повлечете ја кон градите и така кревајте ги колковите.
Втора вежба – Bulgarian Split Squat
Едната нога потпрете ја зад вас на троседот и спуштајте се што е можно подлабоко.
Трета вежба – Feet-Elevated Pushup
За овој вид на склек нозете кренете ги на повисоко ниво (на троседот) и така спуштајте се, во правилна форма за склекови.
Четврта вежба – Hands-Elevated Pushup
Нозете нека останат на подот, а рацете позиционирајте ги на повисоко ниво, па така правете серија склекови.
Вежбите се навистина замислени како тренинг во паузите за реклами. Секоја вежба се прави околу 50-тина секунди, а 10 секунди се одморате со тоа што првите две вежби ги правите по 25 секунди на секоја нога.
Потрудете се за време на филмот, серијата или фудбалскиот натпревар да направите барем три серии, а идеално е да извежбате пет серии.