Најдено фамозното срце од кралицата Ана Бретањска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските полициски служби известуваат дека го пронашле исчезнатото балсамирано срце на кралицата Ана Бретањска.

Познатата француска кралица која живеела во 16. век, е единствената кралица на Франција која два пати била крунисана со таа титула – еднаш мажејќи се за Шарл VIII во 1491 година, а потоа и за неговиот роднина Луј XII.

Нејзиното балсамирано срце е археолошкиот артефакт кој минатата недела беше украден од Музејот на Нант, е најден во градот Сен Назер на западот на земјата.

Срцето било сместено во златно ковчеже, коешто заедно со други украдени предмети, како што се претпоставува, требало да бидат претопени поради златото.

Ана Бретањска своевремено била една од најбогатите жени во Европа.