Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аукциската куќа „Alexander Historical Auctions“ од Мериленд на аукциско наддавање ќе стави уникатен историски документ кој открива новости за животот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Станува збор за телеграма насловена како „Прошталната порака од Хитлер“, која ја содржи последната порака од озлогласениот лидер.
Таа е пратена до Фердинанд Шернер само неколку дена пред Хитлер да изврши самоубиство во бункерот во Берлин.
„Ќе останам во Берлин, со чесна намера, во борба за Германија, за да им дадам добар пример на оние кои остануваат. верувам дека со ова ѝ правам најоглема услуга на Германија. До сите вас останати – секој напор треба да биде вложен во победа за Берлин. Таму можете одлучно да помогнете, со придвижување накај север што е можно поскоро“, пишува во телеграмата.
Исто така, постои и писмо до Фердинанд Шернер во кое Хитлер претходно го советува да го напушти Берлин кој тогаш бил опколен. „Би те замолил во овој смртен час да го напуштиш Берлин и да утврдиш команда од јужниот сектор. Ако паднеш ти, ќе падне и Германија. Милиони Германци чекаат шанса повторно да ја изградат државата покрај тебе“, му пишал Хитлер.
Споменатиот запис на аукција ќе се продава од 30 април до 1 мај, по цена од 60.000 до 75.000 долари.
Хитлер и неговата партнерка Ева Браун на 30 април, 1945 година, извршија самоубитво во бункер во Берлин. Во пораката која Хитлер ја оставил до Шренер тој го промовира него во главен командатн (фелд-маршал) на германските воени сили. После тоа, Шренер побегнува во Австрија, а таму е фатен од Американците. До 1963 година бил во советските и западногерманските затвори, а починал во 1973 година.