„Најдебелата“ приватна банкарска сметка во Црна Гора „тежи“ 32 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според статистичките податоци на Централна банка на Црна Гора за корисници на банкарски услуги во Црна Гора, фактичката состојба вели дека во оваа земја има повеќе банкарски сметки отколку жители. На нив, милионски депозити (суми поголеми од еден милион евра) имаат 71 граѓанин на Црна Гора.

Правни лица, односно 62 црногорски компании, пријавиле дека имаат пари на сметки во странство, во вкупен износ од 12,7 милиони евра.

Неодговорено останува прашањето од кои области се овие компании, а и тоа колку црногорски граѓани имаат сметки во странство бидејќи, според законот, ваквите податоци не се должни да ги пријаваат.

Според последните податоци, на крајот од август депозит во износ поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, а носител на рекорд е клиент со сметка од 32 милиони евра, пренесува РТЦГ.

Се тврди дека рекордерот не е странец, туку црногорски државјанин.

Странски државјани на сметки во Црна Гора чуваат 460,3 милиони евра, странските компании 283,5 милиони евра, финансискиот сектор 7,1 милион, а странските невладини организации 3,57 милиони евра.