Најде Нинтендо игра стара 32 години и ќари 9.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека изминатиот викенд го чистел таванот во семејната куќа, Скот Амос од Рино, Невада, меѓу останатите ствари кои биле таму, пронашол неотпакуван примерок од Нинтендо играта NES Kid Icarus стар 32 години.

Скот на таванот нашол нераспакувана видео игра NES Kid Icarus, стара 32 години. Ја понудил на аукција и заработил 9.000 долари. Бидејќи играта ја нашол спакувана, претпоставува дека станува збор за спакуван божиќен подарок кој го добил далечната 1988 година.

,,Да се најде спакуван примерок сосема случајно, особено во таква добра состојба и со јасно потекло, е многу необична и ретка појава“, вели Валери МекЛеки од аукциската куќа Heritage Auctions.

Станува збор за една од игрите која е најтешко да се најде во таква состојба и во светот постојат само десетина , а сите се во сопственост на колекционери.

Амос вели дека парите ќе ги подели со сестра му и дека следниот месец заедно ќе отидат на одмор во Дизниленд.