Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот?
↓↓↓
Испраќањето на оценска мисија од Европската Унија за мониторинг на Судскиот совет, дочекана со поздрави од Владата и критики од правната фела. Премиерот Димитар Ковачевски порача дека е добредојдена, вицепремиерот Бојан Маричиќ порача дека е добра порака до составот на Судски совет, додека професорката по право Мирјана Најчевска кажа дека не е добро што ЕУ праќа мисија оти тоа зборува лошо за нас.
„Не бре дете, не е добро што доаѓа европската мисија да врши мониторинг врз Судскиот совет. Тоа значи дека сме недоветни, неспособни, шутрачиња кои некој треба да ги мава по уши за да не си ги јадат мрсулите“, напиша Најчевска.
Зборувајќи за судството, премиерот Ковачевски кажа дека Судскиот совет е тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило.
„Од првиот ден кога станав премиер сметав дека такви системи често пати знаат да имаат подруга слика за себеси од тоа што има јавноста на која ѝ служат. И затоа добро е што во рамките на соработката што ја имаме со ЕУ, сега ќе можат да организираат процес на една таква мисија за да ги проверат сите информации во врска со функционирањето на судскиот совет и потоа да ги споделат и со Европската комисија и со нашите политички актери кои немаат субординација врз судството, и врз основа на тоа да бидат предложени соодветни реформи што ќе ја унапредат работата на правосудните органи во државата“, рече Ковачевски
Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека со загриженост ги следат случувањата во Судски совет и затоа се одлучиле на овој чекор.
Судскиот совет на Република Македонија соопшти дека ја поздравува и ја прифаќа идејата на амбасадорот на Европската Унија во РС Македонија, Дејвид Гир во која најавува дека веќе и е предложено на Владата да се испрати оценска мисија за работата на ова тело.