Најчестите фрази кои мажите ги кажуваат, и нивното вистинско значење!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фрустрирачки е кога мажот со тие фрази сака да кажи нешто, а не го знаеме нивното значење. 

Сега знаеме какви се нивните намери. Иако некои работи се тешки да се поднесат и проголтаат, подобро ќе се чувствувате кога ќе дознаете што се крие во позадина. Следат неколку реченици и нивно толкување.

„И тоа ќе дојде на ред“

Кога мажите го изговараат ова значи дека нешто ќе направат некогаш. Но дека за да го направат тоа ќе треба да ги опомените уште неколку пати.

„Ќе видиме“

Ова е љубезен одговор во ситуација во која се чувстуваат непријатно. Поголем број од жените знаат дека машкото „ќе видиме“, значи „не“.

„Бев зафатен“

Тоа значи дека кулирал со пријателите. Ова звучи како да е претседател, а не смртник со регуларна работа.

„Избери ти“

Мажите ќе ви го кажат ова кога сакаат да се оградат од изборот и да ја намалат нервозата. Затоа колку повеќе одлуки ќе донеси тој, вие имате повеќе причини да го кривите поради грешките.

„А твоите другари?“

Кога мажот прашува за вашите другари е скептичен во врска со другите мажи во ваша близина. Тоа значи дека тој не им верува.

„Таа ми е само другарка“

Тоа веројатно значи тоа. На вас останува дали ќе му верувате.

„Морам да проверам во мојот распоред“

Ова е негов начин да избегне да направи работи кои вас ви се допаѓаат. Сите сме различни прифатете го тоа.

„Немав намера да те повредам“

Ова е најчестата реченица која ја слушаме и можеби е најболна. Овде станува збор за тоа дека тој рамзислувал со „пенисот“,  а не главата и дека потполно заборавил на вашите чувства.

„Не сум заинтересиран“

Ако ви кажи дека не го интересирате, тогаш навистина не го интересирате. Не е дека тој сака да игра игри со вас, само не го привлекувате.

„Не сакам да ставам етикети“

Ова е знак дека тој сака да ги исклучи дригите личности. На крајот сепак е искрен, па ако такво нешто не ви одговара тогаш продолжете по својот пат.

„Не сакам врска“

Тоа веројатно звучи ужасно, но ако ви го каже тоа, тогаш навистина е така. Во ред е некој да ве одбие, тоа значи дека таму некаде постои некој што ќе се грижи за вас и ќе ве сака.