Најбрзиот трактор на светот: Си „гази“ со неверојатни 250 км/час (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога ќе стане збор за трактор, никогаш веројатно не ви паѓа на памет ништо што е поврзано со брзината на таа индустриско-земјоделска машина. И во право сте, брзината за тракторите никогаш и не била важан. Но, тоа не го мислат JCB и Williams, кои со здружени сили го произведоа неверојатниот супертрактор Fastrac Two.

Пред околу една година, со помош на Williams, JCB Machines направи трактор со кој се зафати за рушење на брзински рекорд. Возеше со брзина од околу 166 км на час и се запиша како најбрз во светот. Сега повторно се докажува. Пет тони тешкиот трактор управуван од 7,2-литарскиот дизел мотор во просек вози со брзина од 217.570 км на час, додека најголемата снимена брзина беше неверојатни 247,47 км на час.

Доволно за да се најде на списокот на Гинисови рекорди и веројатно да остане таму со години. Освен ако Гај Мартин, иницијатор на проектот познат по освојувањето на „чудни“ рекорди, нема идеја да ја подигне границата, да речеме, на 300 км/час.

Пред да го погледнете видеото, имајте на ум дека и покрај своите 1.000 коњски сили и 2.500 Nm моќ, овој трактор не може да направи многу повеќе од Соборување рекорд во брзина. Не може ниту да се помисли со овој трактор да се соборуваат рекорди во брзо орање.