Најбрзиот полнач на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, со актуелниот интензивен начин на користење на паметните телефони, ретко чиј телефон држи батерија повеќе од еден ден.

Кога веќе тоа е така, единствено на што можеме да се надеваме е дека ќе можеме брзо да го наполниме својот уред. Токму на јачината на полначите многу се работи во последно време, а сега границите се повторно поместени.

Компанијата „Oppo“ најави дека наскоро ќе биде во продажба полнач за мобилен телефон кој има сила од 125W, под називот „Oppo 125W Flash Charge“.

Како што тврдат, тоа значи дека батерија со капацитет од 4.000mAh ќе може да се наполни до 41% во рок од само пет минути, а 100% во рок од 20 минути.

Ова е веројатно најбрзата технологија за полнење на мобилни телефони на пазарот.

Најавуваат и дека тоа вклучува и додатни 10 сензори за следење на температурата и статусот на полнење, а се ќе биде компатибилно со „Type-C“ стандардот.