Најбројното британско семејство: Овој брачен пар го очекува своето 21 дете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Семејството Радфорд од Велика Британија наскоро ќе стане побогата за уште член. И тоа немаше да биде некоја посебно интересна и битна вест, доколку не стануваше збор за тоа дека бебето кое ќе дојде на свет ќе биде 21 дете кое ќе го имаат Сју (43) и нејзиниот сопруг Ноел (47).

Кога минатата година го добиле синот Арчи, кој бил 20. дете во ова најбројно британско семејство, Сју и Ноел си ветиле дека ќе застанат на тој број. Интересно е тоа што името на Арчи му го дале неговите браќа и сестри затоа што родителите повеќе немале идеја за име.

Сју и Ноел го добиле првото дете пред 28 години кога Сју имала само 14 години. Ова семејство од градот Моркамб дневно вклучува по девет машини за алишта, а месечно троши по 30 шишиња течен детергент. Живеат во голема куќа од 240.000 фунти, некогашен дом за стари лица, која ја купиле пред 11 години. Сју и Ноел веќе имаат три внуци од нивната ќерка Софи која има 24 години.