Home Актуелно Најбогатиот човек на планетава во еден ден загуби 10 милијарди евра од вредноста на својата империја

Најбогатиот човек на планетава во еден ден загуби 10 милијарди евра од вредноста на својата империја

Според проценката на вредоста на имотот и бизнисите, моментално најбогатиот човек во светот, сопственикот на францускиот произведувач на луксузна стока LVMH, Бернар Арно, изгубил во еден ден 10,39 милијарди евра.

Медиумските извештаи велат дека Арно таа сума ја изгубил во вторникот по значителниот пад на цената на акциите.

Берзите во САД се во слободен пад, а секторот на луксузна стока особено бележи загуби. Акциите на компанијата Луј Витон паднале за 5 отсто, а на компанијата Керинг, сопственикот на Гучи, за 2,97 отсто. Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузна стока во САД.

Бернар Арно и понатаму е најбогат човек во светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра. Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, шефот на Тесла и Спејсекс Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …