Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившата српска пејачка Александар Мељниченко и нејзиниот сопруг Андреј оваа година слават 12-годишнина од бракот, а по тој повод крстареа на Медитеранот со нивната 42 метри долга луксузна јахта Sailing Yacht A.
Со нив беше и пејачката Нина Бадриќ, која на Инстаграм преку фотки покажа како се забавуваа на Ибица.
Изгледа дека Андреј не штедел на подароци за својата сопруга, па како што пренесува српски Hello, меѓу другото, Александра како подарок добила и остров во Хрватска, земјата од каде по потекло е нејзината баба Вања.
Точната локација на островот не е позната, а веројатно и тешко ќе се дознае, бидејќи овој милијардерски пар е познат по вештото криење и држење во тајност на нивниот приватен живот.
Според пишувањето на споменатиот српски магазин, Сандра досега од сопругот има добиено јахта, недвижнини, луксузни автомобили, дијаманти и уметнички дела, но и остров во малдивскиот архипелаг. Кога сте „тешки“ над десет милијарди долари, не ви е проблем да се расфрлате со луксузни подароци за саканата личносто.