Најбизарниот обид да се убие Кастро – претпоставувате, го направила ЦИА


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не се знае дали приказната е пропагандно ѓубре или е комплетно точна, но одлично би функционирала во некој филм за Бонд со Роџер Мур.

Експлозивни школки? Смешно, но не и најапсурдно. Габичен нуркачки костим што предизвикува болест на кожата што те убива. Тоа е речиси практична идеја. Праќање на поранешната љубовница да му подметне отровни апчиња од својот крем за лице. Не успеа. (Тој тогаш наводно ѝ дал пиштол да го убие, но таа не сакала). Отровни пенкала, радиостаница полна со ЛСД, да – сето тоа се добри идеи, но не најдобри.

Сите овие концепти биле или смислени, па отфрлени, или пак спроведени, но не без резултат. Фидел Кастро беше модерен Распучин, кој, без оглед колку пробувале ЦИА или кубанските азиланти, не можел да биде соборен.

„Ако преживувањето атентат беше олимписка дисциплина, јас ќе добиев златен медал“, рече еднаш Кастро.

Но најапсурдниот, најкреативен и навистина инвентивен обид да се убие Фидел Кастро е кога ЦИА наводно се обидела да му подметне експлозивна пура.

ЦИА очајнички сакала да се ослободи од Кастро и од кубанскиот комунизам, тука, на прагот на САД, за време на горчливата Студената војна со Русија. Такви биле и нејзините жестоки напори да го забрза падот на Кастро.

Се вели дека планот на Кастро да му се даде експлозивна пура е смислен додека претседател бил Ајзенхауер, во доцните 1950-ти, како и во раните фази на администрацијата на Кенеди.

Под името операција Мунгос, предводена од воздухопловните сили на САД по фијаското во Заливот на свињите, целта била Кастро да се отстрани по секоја цена. Тогаш макартизмот (изнесување обвинувања за нелојалност и предавство без никаков доказ) уште бил во процут и секое споменување на зборот на „К“ предизвикувал страв во САД сè до крајот на Студената војна во раните 1990-ти. Очајот на САД да се ослободат од комунизмот во својот комшилук бил голем во овој период.

11-12-castro-pura1

Подметнувањето експлозивна пура требало да се случи еднаш во почетокот и повторно кон средината на 1960-тите години. Како што објави Сатрдеј ивнинг пост во 1967 година, една година претходно оперативец на ЦИА во седиштето на Обединетите нации изработувал план пурата да му се протне на Кастро.

Во 1963 година тековното „сценарио“ стигнало и на насловната страница на Мед магазин, иако до денес се водат дебати дали тоа е урбан мит или вистински обид.

Има шпекулации дека тоа било лага и дека ЦИА намерно ги пуштала гласините за еден толку апсурден обид, за да ги засенат сите нејзини тајни активности во тој период.

Иако Фидел Кастро веќе го нема, тој никогаш нема да биде заборавен, а неговите дела, позитивни и/или негативни, ќе останат засекогаш.