Најбизарниот гол во историјата: Хајдук постигна гол додека противиците славеа (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хајдук го победи Славен Белупо со 2:0 во првата хрватска лига, а на натпреварот беше виден еден од најбизарните голови.

Имено, во 74-та минута при резултат 1:0, гостите од далечина се обидоа да го изненадат голманот на Хајдук и сите ја видоа топката во голот, па почнаа да слават. Дури и телевизиската графика покажа резултат 1:1.

Меѓутоа, топката не ја помина гол линијата, па судијата допушти играта да продолжи.

Играчите на Хајдук ја искористија ситуацијата, па додека противиците „славеа“ тие постигнаа гол за 2:0.