Најбедни во САД: Американскиот југ и по 150 години се нема опоравено од Граѓанската војна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од 12 најсиромашни американски сојузни држави, осум биле дел од Конфедерацијата. Од 12-те најбогати сојузни држави во САД, постои само една која била конфедеративна. Поради што е сето тоа така?

Мисисипи е најсиромашната сојузна држава во САД, додека Мериленд е најбогата. Тоа го покажува официјалната статистика од 2015 година. Секако, овде станува збор за бруто домашен производ по глава на жител, а не во вкупно богатство. Кога станува збор за вкупно богатство, најбогата е Калифорнија.

Покрај Мисисипи, други две држави кои, исто така, се на дното се Западна Вирџинија и Арканзас, додека зад Мериленд, по богатств на врвот, се Њу Џерси и Алјаска. Разликата во приходите по глава на жител помеѓу Мисисипи и Мериленд е 39.689 долари наспроти 73.971 долар.

Ајде да погледнеме кои 12 сојузни американски држави се најсиромашни и да тргнеме од самото дно. (Зошто баш 12? Па, во Конфедерацијата имало единаесет држави-членки, како и неколку територии на Дивиот Запад, кои ќе ги есапиме заедно како една дополнителна држава).

Прва, втора и трета по сиромаштија се споменатите Мисисипи, Западна Вирџинија и Арканзас, а потоа доаѓаат Алабама, Кентаки, Тенеси, Луизијана, Ново Мексико, Јужна Кролина, Монтана, Северна Каролина и Флорида.

Од наброените држави погоре, во Американската граѓанска војна на страната на Југот, што значи Конфедеративни Американски Држави – биле Мисисипи, Арканзас, Алабама, Тенеси, Луизијана, Флорида, како и Северна и Јужна Каролина. Значи осум.

Уште повеќе, Јужна Каролина била првата држава која прогласила сецесија, а следела токму Мисисипи дваесет дена подоцна.

Од 12-те најсиромашни држави во САД, антиконфедеративни биле само Кентаки, Западна Вирџинија, Ново Мексико и Монтана.

Меѓутоа, Ново Мексико и Монтана тогаш не биле држави, туку само територии, додека Кентаки суштински била јужначка робовласничка држава која прогласила неутралност, која не била подготвена да ја испочитува ниту една од двете страни, но Северњаците подобро се снашле и ја ставиле под своја контрола.

Дополнително, Ново Мексико како територија објавило сецесијаи се придружило на Конфедерацијата, така што и таа може да се третира како да била на јужњачката страна во конфликтот, нспроти тоа што Унијата веќе во 1862 годна, со битката кај преминот Глориета, обезбедила контрола над поголем дел од таа територија. Монтана едноставно била географски предалеку од конфликтот.

Западна Вирџинија е држава која настанала благодарение на Граѓанската војна, и тоа така што западните окрузи од Вирџинија се отцепиле од неа, откако собранието на таа држава прогласило сецесија на 17 април, 1861 година, а пред одржувањето на успешниот референдум на 23 мај.

Овде има голема иронија, затоа што по игра на случајот, една бивша конфедеративна држава се наоѓа меѓу 12-те најбогати држави во САД, а таа е токму Вирџинија.

Како стојат останатите бивши јужњачки држави? Тексас е на 23-то место по БДП по глава на жител, додека Џорџија на 34-то место, не толку далеку од Флорида, која е најбогата меѓу најсиромашните јужњачки држави. Поточно, разликата помеѓу тие две држави, изразена во БДП, е 2.000 долари. На 30-то место е Аризона, која исто така, како и Ново Мексико, била конфедеративна територија.

Како основна причина за релативно сиромашниот Американски Југ се наведува нискиот степен на образование, меѓутоа, нештата можеби и не се така едноставни.

Прво, руралниот Југ и пред, и за време и после граѓанската војна бил економски, во голема мера, послаб од индустрискиот Север. Рушењето на институцијата ропство на која почивало сето јужно земјоделие била смртоносен економски удар за Југот (кој едноставно морало да му се зададе). Кога пропаднала реконструкцијата во деценијата после тој конфликт, дошло до враќање на расистите на власт кои воспоставиле сегрегација, која дополнително го осакатила и економски уназадила Југот.

Второ, економските прилики тешко се менуваат и постојат само исклучоци од правилата кои важат во најголем број случаи. Погледнете го југот на Италија или истокот на Полска, ќе видите дека границата на сиромашни региони го следи бившото феудално кралство на Наполеон, односно во случајот на Полска територијата која ја држела феудална царска Русија.

Потребни се векови за еден простор да се промени, а од Американската граѓанска војна поминаа само шест или седум генерации. Постои наследство на културата, менталитетот, инфраструктурата, земјоделските врски и вредности, како и многу други фактори. Не е сè така едноставно.