Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Една од најбараните уметнички слики, дело на австрискиот сликар Густав Климт, која исчезна пред скоро 23 години, беше пронајдена во истата галерија во Италија од која исчезна.
Платното „Портрет на една дама“ од Климт беше откриено во вдлабнатината на еден од надворешните sидови на дворот на модерната галерија „Ричи Оди“ во градот Пјаченца.
Вдлабнатината била заштитена со метална врата и скриена со дебел слој од бршлен. Ја откриле градинарите кои ги средувале билките во дворот, а потоа го повикале галерискиот персонал.
„Се враќав од паузата за ручек кога ме повикаа дека откриле уметничко дело“, рече вработениот во галеријата, Дарио Галинари. „Мислев дека е шега“, додаде тој.
Сликата била завиткана во црна пластична кеса, но Галинари веднаш го препознал исчезнатиот Климт.
„Окото ми е професионално“, рече тој. Тој ја примил сликата додека неговите раце се треселе и тој ја однел кај директорот за безбедност на галеријата, кој повикал полиција. Галинари рече дека делото е во одлична состојба и ништо не недостасува. Тој верува дека се работи за оригинал.
Сè уште не е јасно што се случило пред 23 години со сликата, која е еден од низата женски портрети што Климт ги насликал кон крајот на неговиот живот од 1916 до 1918 година. Сликата исчезнала во февруари 1997 година, и останала само рамката на сликата.