Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ оваа сезона блеска и се промовираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
Милинковиќ – Савиќ во моментов е најбараниот фудбалер во Европа, а неговата цена вртоглаво расте и моментално е проценет на 100 милиони евра.
Синоќа на натпреварот помеѓу Аталанта и Лацио го следеа скаути од најголемите европски гиганти, а тој блескаше и постигна два гола.
Јувентус, Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, Барселона, Челзи, Монако и ПСЖ се силно заинтересирани за неговиот потпис.
„Постигнав два важни гола, играм за Лацио и не ми е гајле кој дошол да ме гледа. Среќен сум во Лацио и во Рим“, изјави Србинот по натпреварот.
Милинковиќ- Савиќ има договор до 2022 година, но следното лето готово сигурно ќе ја промени средината. Прашање е само во кој од споменатите клубови ќе ја продолжи кариерата.