Најави за пороен дожд и грмежи во попладневните часови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, a попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.