Најавена нова инвестиција во Бунарџик – доаѓа германски „Гересхајмер“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германската корпорација „Гересхајмер“ во индустриската зона Бунарџик ќе отвара фабрика за амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија.

Фабрика за медицинска и фармацевтска опрема ќе гради германската компанија „Гересхајмер“, во Бунарџик кај Скопје. Со градење ќе почне во средината на оваа година, а со производство се очекува да започне до крајот на 2020тата. Оваа инвестиција ќе отвори 400 работни места.

Поголемиот број од вработените во фабриката ќе бидат кадри со високоплатени места. Ќе се вработуваат инженери, информатичари, електроинженери. Во „Гересхајмер“ ќе се произведуваат пенкала за инсулин, инхалатори за астма, како и апарати за мерење на шеќерот во крвта кои се користат ширум светот.

Вредноста на инвестицијата не беше откриена. „Гересхајмер“ има фабрики во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, а фабриката во нашата држава е прва во Југоисточна Европа.