Најавен стартот на Мавровскиот меморијал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од 13 до 15 февруари на патеките во Маврово ќе се оддржи 54-тиот нордијски куп „Мавровски меморијал“, кој се организира во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.

„Мавровскиот меморијал е најстариот нордијски куп на Балканот и се вбројува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и светот. Јас верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар. За таа цел, за оваа година, Агенцијата за млади и спорт од својот буџет издвои 500.000 денари. Ја користам приликата да ги поканам сите љубители на зимските спортови и сите вљубеници во нордиското скијање од 13-15 февруари, да дојдат во Маврово и да ги поддржат нашите скијачи, но и да уживаат во се она што ќе го понудат натпреварувачите“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

За 54-от Мавровоски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави: Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција, и двајца претставници од Доминиканската Република кои изразија желба за учество на Мавровскиот Куп.

Новина за оваа година е трката за деца, генерација 2002/2003 и 2004/2005, кои се планирани за 16-ти и 17-ти Февруари Македонската репрезенатција ќе настапи во следниов состав: Ставре Јада, Миланчо Крстевски, Дарко Дамјановски, Тони Станоески, Марио Куртески и Ненад Митевски, а кај жените ќе настапат: Викторија Тодоровска, Марија Коларовска, Викторија Јовановска, Росана Кировска, Ана Цветановска и Василка Дамјановска.