Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска цената на благородниот метал забележа пораст на светските берзи.
На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.
Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија врз Украина.
Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.