НАЈАВА: Започнува нова, поинаква Примера!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанското фудбалско првенство започнува вечерва! Фудбалскиот свет ќе го види почетокот на 88-та сезона на Ла Лига. Само пред неколку месеци никој не претпоставуваше дека Примера ќе биде без Кристиано Роналдо, како и без Зинедин Зидан. Сега магијата на шпанскиот фудбал ќе биде поразлична, без мајсториите на носителот на „Златната топка“.

Големото ривалство помеѓу Меси и Роналдо нема да биде толку директно, но тоа со сигурност ќе даде пат за блесок на нови ѕвезди кои минатите сезони беа во сенка. За прв пат во Примара оваа сезона ќе се воведе и ВАР системот, кој треба да ги намали полемиките главно помеѓу Каталонија и Мадрид.

БАРСЕЛОНА влегува во сезона со амбиција да ја одбрани титулата и по 8-ми пат да се искачи на врвот во последните 11 сезони. Каталонците ова лето донесоа неколку големи засилувања,особено во средниот ред каде пристигнаа Бразилецот Артур и Артуро Видал. Нападот ќе го засили брзоногиот Малком, а одбраната ќе биде посилна за Клемен Ленгле, кој минатата сезона во Севиља се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Ова ќе биде прва сезона Лео Меси да игра како капитен на Барселона по заминувањето на Андрес Иниеста. Филипе Кутињо во првите шест месеци покажа дека е способен да го носи дресот на Барса, но оваа сезона ќе има поголеми одговорности. Сите на „Камп Нопу“ очекуваат оваа сезона да блесне и над 100 милионското засилување од минатото лето – Осман Дембеле.

Кралот на Европа РЕАЛ МАДРИД започнува нова авантура под раководство на Јулен Лопетеги и без најголемата ѕвезда Кристиано Роналдо. Очекувањата се оваа сезона главна улога да игра Герет Бејл, но и конечно да „порасне“ Марко Асенсио. Големото прашање на „Сантиаго Бернабеу“ кој ќе ги замени 50-те гола кои секоја година ги постигнуваше Роналдо?

„Кралевите“ и ова лето беа „тивки“ на трансфер пазарот и во Мадрид пристигна само Винисиус Жуниор чии трансфер беше договорен минатата година. До затворањето на трансфер пазарот има уште две недели, па се очекува Перез да донесе барем една голема ѕвезда, сега кога стана јасно дека Лука Модриќ сигурно останува на „Сантиаго Бернабеу“.

Оваа година изгледа дека повеќе од било кога во трката за титулата ќе се вклучи и третиот гигант, АТЛЕТИКО МАДРИД. Диего Симеоне ги задржи сите ѕвезди во тимот и донесе неколку големи засилувања како Лемар, Желсон Мартинс и Родри. Најголем успех за „јорганџиите“ беше задржувањето на Антоан Гризман, потег со кој докажаа дека имаат големи амбиции. Освојувањето на Суперкупот на Европа докажа дека Диего Кошта е во врвна форма и дека Атлетико оваа сезона е рамноправен со двата најголеми шпански клуба.

После трите гиганти на шпанскиот фудбал има неколку клубови чија цел ќе биде пласман во Лигата на шампиони. Валенсија ќе се обиде повторно да заврши во Топ 4, а искрено има и аргументи за тоа. „Лилјаците“ ја зголемија моќта на нападот со привлекувањето на Мичу Батчуаи и Кевин Гамеиро.

Севиља ќе се обиде да ја подобри минатогодишната позија со нов тренер Пабло Мачин. Тимот од Андалузија ги загуби Ленгле и Нзонзи, но во нападот донесе големо засилување – Андре Силва.

Атлетик Билбао, Виљареал, Селта и Реал Сосиедад исто така ќе се борат за висок пласман, а останатите ќе ја водат битката за опстанок во елитата.

Се е спремно за почеток… возбодувањата можат да почнат!

Најголем фаворит за освојување на титулата и оваа сезона е Барселона. Коефицинетот во Bet365 за победа на Каталонците изнесува 1.66.

Втор фаворит е секако Реал Мадрид, кеофициентот за „кралевите“ да бидат шампиони во bet365 изнесува 3.00.

Трет фаворот е Атлетико Мадрид со коефициент 7.50, а останатите се далеку зад големото трио. Коефициентот за Валенсија да биде шампион на Примера изнесува 101.