Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На интернет е објавено првото најавно видео за хорор хитот во најава „A Quiet Place Part II“, чија решија ја потпишува режисерот Џон Кразински.
Улогите ќе ги репризираат Емили Блант, Милисент Симондс и Ноа Џуп, а ќе им се приклучат и Килијан Марфи и Џимон Хонсу.
Продолжението ќе го прикаже семејството Абот и нивното патешествие во непознатото. Тие набрзо ќе дознаат дека чудовиштата и вонземјаните не им се единствената закана.
По големиот успех на првиот дел кој заработи неверојатни 340 милиони долари, во февруари 2019-та година, Кразински се ангажирал да режира и негово продолжение бидејќи пред тоа веќе имал готово сценарио.
Премиерата за филмот е закажана за 20-ти март 2020-та година.