Најава на Таравари: Следната недела новитети и измени во системот „Мој термин“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека уште од следната недела ќе има новитети во системот Мој термин, а новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден на раѓање, и ќе добијат Извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци.

„Се работи за една новост, кога ќе се роди детето уште во болница да се дава Извод на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци. Значи да не лутаат родителите по изводи, вакцини и други документи. Ова ќе биде првата новост од Мој термин“, најави министерот Таравари ,кој додаде дека овој новитет во здравството ќе се спроведе во соработка со МВР, а за што повеќе детали ќе соопштат во текот на следната недела.

Во однос на инспекциите од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Таравари посочи дека хигиената била лоцирана како најголем проблем во повеќето здравствени установи. Најлоша била состојбата на Гинекологија и во Штипската болница.

„Знаете Македонија е лидер во регионот за интрахоспитални инфекции и веќе се работи на идејно решение како да се поправи тоа. Можеби ќе ангажираме надворешни фирми, прво експериментално во две болници, на Гинекологија и во Гостивар ќе почне фирма што бесплатно ќе работи…и потоа ќе одлучиме дали тоа ќе се спроведе и на други клиники“ изјави министерот.

За одредени болници Инспекторатот веќе имла и решенија и наскоро, како што кажа министерот Таравари, ќе излезат и со казни за менаџери, вработени итн.