НАЈАВА МУНДИЈАЛ ДЕН 6: Завршува првото и започнува второто коло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска со двата натпревари од група Х завршува првото коло од групната фаза на Светско првенство во Русија.

Во 14 часот во Саранск ќе се судрат репрезентациите на Колумбија и Јапонија. Колумбија беше хит на СП во Бразил, предводена од Хамес Родригес, а сега во тимот го има Радамел Фалкао. Јужноамериканците се се голем фаворит против брзите Јапонци кои трипати досега играле со Колумбија и немаат победа, само едно реми без голови во пријателски меч.

Колумбија: Оспина – Аријас, Мина, Д. Санчез, Мохика – Агилар, К. Санчез, Квадрадо, Родригез – Муриел, Фалкао.

Јапонија: Кавашима – Сакаи, Јошида, Макино, Нагатомо – Хасебе, Шибасаки, Харагучи, Хонда, Инуи – Осако.

Во 17 часот на стадионот на Спартак во Москва ќе се одигра мечот меѓу Полска и Сенегал. На оваа пресметка ќе се појават две големи ѕвезди, Роберт Левандовски од едната и Садио Мане од другата страна. Полска на хартија е фаворит, но Африканците имаат своја математика и желба да направат сериозен исчекор за да ја минат групата. Сенегал во подготовките покажа дека е силна и организирана репрезентација, со цврста одбрана предводена од Кулибали. Ова е прва меѓусебна пресметка помеѓу двете репрезентации.

Полска: Шчесни, Ребус, Паздан, Беднарек, Пишчек, Гросицки, Горалски, Криховијак, Блашчиковски, Зелински, Левандовски.

Сенегал: К. Ндиаје, Гасама, Мбоџи, Кулибали, Сабали, П. Ндиаје, Кујате, Геје, Балде, Нианг, Мане.

Во вечерниот термин, од 20 часот, почнува второто коло во групата А. На стадион во Санкт Петербург ќе се судрат домашната селекција на Русија и Египет на Мохамед Салах, кој првиот меч го преседе на клупата поради повредата. Селекторот на Египет најави дека Мо ќе игра затоа што е неопходен за да се задржат шансите за осминафинале. Од друга страна, Русија ќе биде без искусниот Алан Џагоев и повторно ќе треба да се потпре на новата ѕвезда на Зборнаја, Александар Головин.

Русија: Акинфеев – Фернандес, Кутепов, Игнашевиќ, Жирков – Зобнин, Газински, Кузиаев, Головин, Черишев – Смолов.

Египет: Ел Шенави – Али Габр, Хегази, Фати, Абделшафи – Хамед, Елнени, Трезеге, Ал Саид – Салах, Мохсен.